Шефот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека не се враќа во Македонија бидејќи ќе му се одмаздувале.
Рече дека Груби не избегал и дека тој самиот немал контакт со него, но има информации дека е добро и дека се наоѓа на „албанска територија“.
Лидерот на ДУИ вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на правдата кога ќе биде фер третиран.
Ахмети уште еднаш го повтори својот став дека во Северна Македонија треба да се изврши ветинг за да се истражи политичката активност и богатството на секој носител на високи државни функции.