Купувањето на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителни годишни исплати од над 600 милиони долари, објави њујоршкиот неделник Newsweek врз основа на неговите пресметки.
„Вкупната понуда (на Данска) од американската влада би можела да надмине 2,2 милијарди долари“, се наведува во американскиот неделник. Трамп не е првиот американски претседател кој изразил интерес за Гренланд, бидејќи американскиот претседател Хари Труман и понудил на Данска 100 милиони долари злато за островот во 1946 година, што би вредело околу 1,6 милијарди долари во денешни пари.
„Њузвик“ наведува дека стигнал до бројката од 2,2 милијарди долари со додавање на сумата што ѝ ја понудил на Данска во 1946 година Хари Труман, приспособена за инфлацијата, на која се додаваат и 600 милиони долари што Трамп ги предлагал годишно како компензација на Кралството Данска.
Долгогодишната цел на американскиот претседател Доналд Трамп за припојување на Гренланд кон Соединетите држави се префрли од реторика кон официјална политика на САД, додека Белата куќа се движи кон формален план за преземање на арктичкиот остров од Данска, објави неодамна Њујорк Тајмс (NYT), повикувајќи се на информирани извори.
Советот за национална безбедност на Белата куќа се состана неколку пати за да ги „спроведе“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со анексијата на Гренланд, а неодамна испрати конкретни инструкции до различни гранки на власта, изјави неименуван американски функционер.
Данските власти инсистираат на тоа дека ретко населениот остров не е на продажба, но Трамп јасно ја изрази својата решеност да ја контролира територијата.