strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион
ЕКОНОМИЈА

Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион

Објавено November 12, 2024 14:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Сеопфатна анализа на јазови на правната и политичката рамка која ги одредува потребите за развој на модел на циркуларна економија во Тиквешкиот регион, идентификуваше критични области за подобрување во управувањето со био-отпад од производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион.
Документот кој е развиен во рамки на проектот „Развој на управување со органски отпад во производство на грозје и вино во регионот Тиквеш“, ја истакнува потребата од посилен рамковен систем за поддршка на иницијативите за управување со био-отпад во согласност со меѓународните и ЕУ стандарди.
Наоди од оваа анализа ќе бидат и дополнително дискутирани на конференцијата „Одржливост во производството на грозје и вино во Тиквешкиот Регион“ која ќе се одржи на 18.11.20204 од Хотел Дабл Три – Хилтон, Скопје со почеток од 10:00 часот. Конференцијата ја одбележува Европската недела за намалување на отпадот.


Иако производството на вино придонесува со 17-20% од бруто земјоделскиот производ во Северна Македонија, тоа генерира големо количество био-отпад што има негативно влијание врз животната средина. За време на одгледувањето и бербата на грозјето се создаваат околу 5 тони цврст отпад по хектар годишно. Целиот генериран био-отпад од лозјата моментално нееколошки се третира, со што секоја година во Македонија се согорува над 100.000 тони био-отпад, предизвикувајќи деградација на земјиштето и загадување на воздухот. Отпадот се третира на сличен начин и од страна на винопроизводителите и индивидуалните производители на грозје. Оваа пракса претставува проблем кој бара дополнителни напори, време и инвестиции од страна на властите и бизнисите.
Направената детална анализа се темели на комбинација од секундарни и примарни податоци, вклучувајќи преглед на политики, статистика, теренски посети и детални интервјуа. Со оваа анализа се детектираа јазовите на национално и локално ниво, со цел да се обезбедат препораки за подобрување на управувањето со био-отпад од производство на грозје и вино на следните нивоа: институционално, финансиско, структурно, технолошко, култура и менталитет. Врз основа на наодите, во консултација со членовите од работната група за секој јаз се креираше препорака за негово надминување. Препораките се однесуваат на подобрување на политичката рамка, зголемување на институционалните капацитети, унапредување на инфраструктурата, промовирање на инструментите за циркуларна економија и развој на ресурсите за циркуларноста во Тиквешкиот регион. Истите ќе бидат користени како насоки за унапредување на моменталната состојба на локално и национално ниво, во поглед на воведување на принципите на циркуларната економија.

Проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во тиквешкиот регион“ се спроведува како дел од програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de, а се реализира со финансиска поддршка на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) во партнерство со компаниjата Винарија Бовин, имплементиран преку Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП)

TAGGED:Тиквешки регионуправување со био-отпад
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока
Следна статија Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

Од МВР денеска информираат дека е…

November 15, 2025

(ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку…

November 14, 2025

(ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде…

November 13, 2025

(ВИДЕО) Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со…

November 12, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

За денеска во Македонија најавен бојкот на маркетите поради високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нашите политики даваат конкретни резултати, по 12 години лет Скопје – Амстердам

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам, напиша…

March 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?