– На 22.10.2024 во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари, соопшти МВР.
Според пријавеното во полиција, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.