strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка
МАКЕДОНИЈА

Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка

Објавено July 24, 2025 17:19
strana.mk
Сподели
Сподели

Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје и да се направи железница покрај кејот на Врадар која ќе ја растовари комуникацијата во центарот и ќе го олесни протокот на луѓе, услуги и стоки. Ова се само некои од барањата што Стопанската комора денеска му ги испорача на Орце Ѓорѓиевски кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје, актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода.

На работната средба што се одржа во Комората, Ѓорѓиевски им порача на стопанствениците да бидат сигурни дека ќе имаат вистински партнер во него, дека ќе имаат максимална поддршка, како и дека ќе бидат еден од главните двигитали на главниот град.

-Секаде каде што има поделба на надлежностите, има проблеми. Надлежностите на градот или општината – една улица на едни, една на други, во реалното функционирање во целина како Скопје, не е најдоброто решение. Можеби е момент да се разлгеда од сите аспекти. Не велиме дека централизацијата е најдоброто решение, но треба да се елиминираат различните надлежности зашто тие создаваат проблем, а најголем проблем од тој аспект има во урбанизмот и сега сме сконцентрирани тоа да го разрешиме, истакна Азески по средбата.

Во однос на натамошниот развој на Скопје, напомена дека треба да се воочат оптималните можности.

-Ако вака продолжи ширењето на градот, ќе ја донесеме цела Македонија тука, особено во делот на бизнисот. Треба да се искористат природните предности – со најмали средства во најкраток период да се добијат најдобри резултати. Едно такво решение е покрај кејот на Врадар да се направи железница со која ќе се растовари центарот на Скопје, ќе се забрза протокот на луѓе, услуги и стоки. Ќе добиеме чисто место, државно, без имотно-правни проблеми и не многу скапо решение, современо, кое може да се надградува, потенцира претседателот на Комората.

Тој се осврна и на подоброто функционирање на зоните, особено на оние во Скопје кои, како што рече, никнаа без посебна подготовка. Азески во овој контекст го посочи Визбегово каде, нагласи, има огромна концентрација на фирми и капитал, но и многу нерешени основни прашања. Тоа, рече, треба да се заштити и да се стави во програмата на новиот градоначаник – да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот.

-Се е пари, му порачуваме на новиот градоначалник да ги искористи максимално. Свесни сме дека Буџетот на Скопје е помал од буџетите на сите главни градови и затоа сметаме дека треба да се зголемува само за продуктивни инвестиции. Порачуваме и дека во тоа треба да помогне државата. Скопје е расадник на кадри и тука се наоѓаат најголемите потнцијали за развој на државата. Кадрите треба да произлезеат од образовниот систем, а во Скопје се најзначајните школи уницетзритетит и институциикоипрозведуваат кадар, укажа Азески.

Ѓорѓиевски изјави дека во изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода покажал што знчаи силен и динамичен економски развој и јакнење на стопанството на локално ниво.

-Мој приоритет е да создадеме силно и економски стабилно Скопје кое ќе граби напред, град во кој ќе се утврдат потенцијалите не за две, три или пет, туку за многу повеќе години, и кога јас нема да бидам градоначалник, многу е важно да имаме економска стратегија за развивање на главниот град, силно стопанство и нови, добро платени работни места. Им порачувам на стопанствениците, да бидат сигурни дека ќе иамат вистинскии партенр во мене, дека ќе имаат подадедна рака за поддршка и дека тие ќе бидат еден од главните двигитали на градот, истакна Ѓорѓиевски

TAGGED:бранко азескиорце ѓорѓиевскисредбастопанска комора
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Приведени две лица поради напад на обезбедувањето на болницата „8 Септември“
Следна статија Болницата за белодробни заболување „Јасеново“ вработи нов медицински персонал

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

Од МВР денеска информираат дека е…

November 15, 2025

(ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку…

November 14, 2025

(ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде…

November 13, 2025

(ВИДЕО) Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со…

November 12, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи,…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од Јавното обвинителство по допрен глас да преземе мерки во врска со информациите кои ги изнесе…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ова се имињата на 49-те нови судии

Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија. За судии на Основен…

March 10, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?