Боре Видевски, обвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, по неколкудневниот престој во болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка и е во добра здравствена состојба, информираат надлежните.
Последното закажано судско рочиште за овој случај беше одложено поради престојот на Видевски во Клиниката за нефрологија.