Актерот Харисон Форд ја изрази својата поддршка за кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Камала Харис, објавувајќи видео клип во кој ги повика гласачите да го сторат истото.
Ѕвездата од филмовите за Индијана Џонс објави црно-бел клип во кој исто така истакна дека многу поранешни членови на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп се спротивставуваат на лидерот на партијата за која се залагаат цел живот, објави Индипендент.
🚨 AGORA – Harrison Ford faz video dizendo que vai votar em Kamala Harris.
Mais um vendido… pic.twitter.com/Ooeog42GHr
— Ramon A. Lage 🥊 (@Ramon4lan) November 2, 2024
„Тоа се гувернери, генерали и за многумина од нив ова ќе биде првпат да гласаат за некој кој нема Р до името, бидејќи знаат дека тоа е навистина важно“, вели познатиот актер.
Тој им рече на гласачите дека Камала Харис ќе го заштити нивното право да не се согласуваат со неа за политиките или идеите, а потоа тие можат да дебатираат и да продолжат напред.
„А ова последново бара од вас лојалност по секоја цена. Тој вели дека сака да се одмазди“, рече Форд за Доналд Трамп.
Во друг видео клип, актерот објасни дека не мисли дека Харис и нејзиниот кандидат за потпретседател Тим Волц се „совршени“, туку дека веруваат во „владеењето на правото“ и „во науката“.
„Тие веруваат дека кога владеете, тоа го правите за сите Американци. Тие веруваат дека сме во ова заедно, а тоа се идеите во кои јас верувам“, додаде Форд.
Според него, Трамп поминал четири години „гушкајќи ги тираните ширум светот“ и вртејќи ги земјите една против друга.
Форд е последниот во низата познати личности кои ја поддржаа Харис, по Бијонсе, Тејлор Свифт, Џенифер Лопез и Еминем, потсети Индепендент.
Поддршка на републиканскиот претседателски кандидат му дадоа Илон Маск, Расел Бренд и Мел Гибсон.