Илон Маск во предизборниот штаб на Доналд Трамп го донесе својот четиригодишен син X Æ A-12 или скратено Х, кој брзо стана ѕвезда на вечерта.
X одлично се забавувал, бил снимен како ужива во слатките а во рацете го носел низ штабот неговиот 53-годишен татко. Беше облечен во костум и не ја симна насмевката од лицето. Маск го доби Х во врската со неговата поранешна партнерка Грајмс.
Маск, технолошкиот претприемач кој ги основа Tesla и Space X и ја купи социјалната платформа X (поранешен Twitter), неодамна ги нарече овие претседателски избори најважните избори „во нашиот живот“. „Другата страна сака да ви ја одземе слободата на говорот. Сакаат да ви го одземат правото да носите оружје. Сакаат да ви го одземат правото на глас“, рече Маск.
🚨BREAKING: ELON MUSK IS AT MAR-A-LAGO WITH RIGHTFUL PRESIDENT TRUMP!
It's such an honor to be in the presence of these MAJOR WINNERS!
Pray for a Trump victory!🙏 pic.twitter.com/b44iVDtkLL
— Bo Loudon (@BoLoudon) November 6, 2024