Млад човек со нож во рака денеска се закануваше и мавташе по Широк Сокак во Битола, по што полицијата потврди дека е уапсен.
Инцидентот е забележан на снимка која ја објави ТВ „21“. Граѓани го пријавиле насилникот, чиишто мотиви и намери не се јасни, по што полицајци набргу го уапсиле.
Лицето е пронајдено и приведено, се врши спровод до ПСОН Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на оружјето и оштетениот“, велат од МВР.