strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

Објавено April 12, 2025 08:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота.

Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја.

Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава.

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.  Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегување

И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“.

Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“

Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина…

TAGGED:Лазарева сабота
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака
Следна статија „Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението…

July 19, 2025
Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од…

July 18, 2025

Овие хороскопски знаци мислат само на себе

Иако сите хороскопски знаци имаат свои…

July 19, 2025

Агресија на секој чекор: Полицаец бил нападнат на Средно Водно

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска…

July 19, 2025

Секој петти граѓанин на Србија е во ризик од сиромаштија

Речиси 40 проценти од српските граѓани…

July 19, 2025

Милионер тајно се оженил со жена 25 години помлада и починал ден потоа: Вдовицата го наследила целото богатство

Смртта на 75-годишниот милионер земјоделец Џозеф…

July 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. Претешка е судбината на…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на АРМ

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да го укине Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)

МПЦ-ОА и верниците во земјава денеска го слават денот посветен на  Преподобна Параскева (Петка), во народот познат и како Петковден.…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни…

March 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?