Европол и полицијата на Србија уапсиле вчера во Белград платен убиец, кого криминална организација го ангажирала во јануари 2021 година да го ликвидира Зоран Ускоковиќ и тројца негови соучесници, додека еден осомничен е во бегство.
Тоа денес го соопштија од Агенцијата на Европската Унија за спроведување закони (Европол) додавајќи дека осомничениот е идентификуван откако Европол пружил клучни разузнавачки податоци
„Развиени преку својата континуирана работа на анализата на шифрираните комуникациски платформи кои често ги користат организираните криминални групи. Убиството го организирал лидерот на организираната криминална група, кој имал клучна улога во регрутирањето на платениот убиец и координирањето на логистиката на убиството“, соопшти Европол.
Тие објаснуваат дека шефот на криминалната група го организирал и планот за бегство на убиецот, регрутирал двајца платеници да го следат движењето на жртвата, и го набавил оружјето користено за ликвидацијата.
„Оружјето кое е внесено во Србија специфично за овој напад. Жртвата е убиена во Белград во 2021 година. Убиецот, кој се претворал дека е постар човек со силиконска маска и инвалид, ѝ пукал во жртвата во главата додека ѝ се приближувал“, соопшти Европол.
Потпретседателот на владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа синоќа дека припадници на министерството за внатрешни работи, полициската управа за градот Белград во соработка со Европол и Обвинителството за организиран криминал, по спроведената опсежна акција ги уапсиле припадниците на организираната група, „поради постоење основа сомнеж дека извршиле кривични дела тешко убиство и здружување за вршење кривични дела“.