Еден од четворицата пациенти ранети пред два дена во Цетиње сè уште е во многу критична состојба, со неизвесен исход, соопштија денеска од Клиничкиот центар на Црна Гора.
Станува збор за пациент кој се здобил со прострелна рана во главата, а се наоѓа во индуцирана кома, му се дава седативи и неговата состојба редовно се следи, стои во соопштението.
По детална анализа, преглед и сите наоди, како што додаваат, останатите тројца пациенти се одвоени од апаратот за дишење, и сè уште се во стабилна состојба со добра прогноза.