Мултимилијардерот Илон Маск Маск вети дека ќе дава по еден милион долари секој ден до претседателските избори во САД што треба дасе одржат на 5-ти ноември на некој од потписниците на неговата онлајн петиција за поддршка на Трамп, јави Ројтерс.
Тој не губеше време да додели чек од 1 милион долари на еден од присутните на митингот во Пенсилванија на кој се собраа приврзаниците на републиканецот Доналд Трамп.
Победникот беше човек по име Џон Дрехер.
„Џон, патем, немаше поим. Како и да е, добредојдени сте“, рече основачот на „Тесла“ додека му го предаваше чекот на Дрехер
Парите се последниот пример за тоа како Маск го користи своето извонредно богатство за да влијае на жестоко оспоруваната претседателска трка меѓу Трамп и неговата демократска ривалка Камала Харис.
Маск ја основа America PAC, политичка акциона организација што ја основа за поддршка на претседателската кампања на Трамп.
Групата помага во мобилизацијата и регистрацијата на гласачите во државите кои би можеле да бидат одлучувачки на изборите.
На собирот во Харисбург во саботатат Маск со остри зборови ги опиша ноемвриските избори и ги повика поддржувачите да гласаат предвреме и да ги натераат другите да го сторат истото.
Тој повтори дека тоа би биле „последни избори“ доколку победи Камала Харис, сугерирајќи дека САД повеќе нема да постојат.