strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти
ЗДРАВЈЕ

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

Објавено December 12, 2024 17:16
strana.mk
Сподели
Сподели

Кога еден пациент е соочен со дијагнозата рак, тоа е поразително за него и за најблиските луѓе околу него. Она што е уште потешко е што истиот тој пациент можеби во исто време се соочува и со други хронични болести, како на пример висок крвен притисок или дијабетес, или пак одредени автоимуни состојби. Оттаму, нему му е потребна целосна грижа од страна од здравствениот систем, во целокупниот тек на поставување на дијагноза, лекување и понатамошно следење со што предвид ќе се земе целосната, поширока слика за пациентот.

Токму на ова се мисли кога се вели дека е потребна квалитетна „здравствена заштита базирана на вредности“ (Value Based Healthcare), која го става пациентот во центарот и практично значи подобрување на здравствените услуги за да дадат најдобри резултатите кои им значат на пациентите. Постигнувањето на оваа цел се заснова на збир на промени во начинот на кој пациентот добива нега, земено предвид и што пациентот очекува – вратено здравје и квалитетен живот. Ова е особено значајно во сегментот на онкологијата, каде што здравствената заштита базирана на вредности би значела дека здравствениот систем е конципиран така да овозможи, мултидисциплинарен третман – од брза и прецизна дијагноза, преку навремена хируршка интервенција и оптимална онколошка терапија, се до најсоодветно следење на пациентот по завршување на третманот. Истовремено, од моделот на здравствена заштита базирана на вредности се очекува да овозможи оптимизација на здравствениот систем и процедури кон поголема економичност и еднаквост за пациентите.

Моделот на здравствена заштита базирана на вредности фактички ги споредува квалитетот на животот, функционалниот статус и долгорочното здравје на пациентите со трошоците за обезбедување на таквата здравствена нега. Овој пристап го префрла фокусот од квантитетот како што е бројот на процедури, анализи, пакетчиња лекови и слично на мерки кои ги максимизираат здравствените придобивки и бенефитот на самиот пациент – подобро здравје и квалитет на живот. Начините за објективно, но и субјективно мерење на квалитетот, преку пациентски прашалници, играат клучна улога во овој вид здравствена заштита и овозможуваат проценка на ефективноста, ефикасноста и севкупниот квалитет на здравствените услуги од аспект на лекарите, но и од аспект на самите пациенти.


Така на пример, од почетокот на 21 век, третманот за рак на белите дробови драстично се подобрува. Иновативните терапии го зголемуваат преживувањето и квалитетот на живот на пациентите, но неминовно доведуваат и до зголемување на трошоците на непосредната здравствена грижа. Во моделот на здравствена заштита базирана на вредности, пациентите би имале пристап до оптимална грижа и истовремено би се мереле исходите од третманот, како што се стапките на преживување, квалитетот на животот и трошоците од лекувањето. На тој начин, вредноста која ја добиваат пациентите од лекувањето ќе може да се зголеми во однос на трошоците.

Од перспектива на јавното здравје, а земајќи ја предвид големата експанзија на истражувачката заедница, во земјите во развој и државите со ниски приходи од исклучително значење е здравствените организации да се трудат на секој чекор од патот на пациентот да ја оптимизираат здравствената грижа на начин кој ќе обезбеди што подобри исходи од третманот. Со ваквиот пристап би се намалиле неоправданите дуплирани трошоци и „тапкања во место“, а на сметка на тоа би имало систематска проценка на ефективноста на грижата и следење на лекувањето на болеста, ќе се зголемат информациите за пациентите, комуникацијата и заедничкото медицинско одлучување, со што се отвора патот за прецизност и персонализирана медицина.

TAGGED:здравствена заштитаонколошки пациентирак
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално оружје и муниција
Следна статија Ужас кај Ниш: Мајка си го фрлила бебето во контејнер

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на…

July 9, 2025
ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото…

July 9, 2025

Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на…

July 9, 2025

Поплавите во Тексас однесоа 109 животи, над 160 лица се водат како исчезнати

Поплавите во Тексас во текот на…

July 9, 2025

Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот…

July 9, 2025

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00…

July 9, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните…

March 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во приватни градинки немало хигиена, Агенцијата за храна парично ги казни

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли.…

December 8, 2024
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Шеесетгодишен кумановец почина од ковид-19

Минатата недела е регистриран смртен случај на лице заразено со ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во својот…

January 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?