strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Касами: Таравари нема да биде дел од Владата, но некој од АА може да остане во извршната власт
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Касами: Таравари нема да биде дел од Владата, но некој од АА може да остане во извршната власт
ПОЛИТИКА

Касами: Таравари нема да биде дел од Владата, но некој од АА може да остане во извршната власт

Објавено May 9, 2025 18:51
strana.mk
Сподели
Сподели

Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец.

– Ние одлучивме дека во следниот период ќе работиме заедно во правец на тоа да Арбен Таравари како главен носител на идејата за соработка со ДУИ да не биде дел од Владата. Договор има дека кој било што соработува со Али Ахмети, во ваква ситуација не може да може да биде дел од Владата. За динамиката и модалитетите како тоа ќе се спроведе од моментот кога ќе имаме конкретно решение, сигурно дека ќе се запознаеме јавноста, затоа што тоа не е едноставна работа. Ако се договориме дека ќе има реформирање на владата, ќе треба да видиме кои ќе треба да излезе и кој ќе треба да влезе, затоа што гледаме дека и во ваква ситуација има некои чинители во Владата кои се дел од партијата на Арбен Таравари, кои не се согласуваат со него, рече Касами.

Градоначланикот на Тетово и еден од лидерите на „Вреди“, смета дека треба да се прави јасна разлика меѓу Арбен Таравари, кој е носител на комуникацијата со Али Ахмети и Алијанса на Албанците. Тој потсетува на коалицискиот став дека Алијансата на Албанците е важен фактор на коалицијата „Вреди“ и нивната желба и понатаму е да биде дел од коалицијата.

– Секој кој е дел од Алијанса на Албанците и кој сака да продолжи да бидат дел од Владата, ние сме отворени да продолжиме да соработуваме со нив. Значи, во моментот ние цениме дека главен проблем е директната соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети. Таа одлука е веќе донесена, дека во случајот, Арбен Таравари не може да биде дел од Владата. Секој друг член на Алијанса на Албанците кој не се согласува со оваа соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети е добредојден да продолжи да биде дел од Владата. Затоа треба да се се расчистат овие ситуации, кој е за и кој е против соработката со ДУИ, истакна Касами.

Според него, кога ќе се расчистат дилемите со АА ќе има и промени во нивните досегашните функционерски позиции во Владата и другите тела на извршната власт.

TAGGED:арбен таравариБиљал Касами
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Српскиот патријарх за признавањето на МПЦ: Eпархиите нa територијата на денешна Македонија, не ѝ припаѓале на Српската православна црква
Следна статија Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по…

May 16, 2025
Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до…

May 15, 2025

Германскиот министер за одбрана им се закани на граѓаните со задолжителен воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус…

May 18, 2025

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна…

May 18, 2025

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“…

May 18, 2025

Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат…

May 18, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите…

February 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо

Откако вчера испрати неколку писма  Емануел Макрон, Бајрам Бегај, Еди Рама, Вјоса Османи, Албин Курти, Урсула фон дер Лајен, Олаф…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

Куновска: За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Поранешниот висок функционер на СДСМ Софија Куновска на Фејсбук „распали“ по СДСМ и лидерот Венко Филипче откако тој се пофали…

May 11, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари

Не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на ниту еден елемент од Владата и по ниту една основа: формална,…

May 7, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?