Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 70-годишник од општина Липково, поради сомнение дека во повеќе наврати, во период од два месеци, вршел сексуално насилство врз 13-годишно дете.
Според пријавата, 70-годишниот И.С. е осомничен за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 16 години“. Детето било изложено на повеќекратно сексуално насилство од страна на повозрасниот човек, што предизвикало голем шок и вознемиреност во јавноста.