strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот
МАКЕДОНИЈА

Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот

Објавено April 2, 2025 14:20
strana.mk
Сподели
Сподели

Криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене, порача денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кој денеска во Штип одговораше на новинарско прашање за приведувањето на Ангел Сарамаков кој беше негов телехранител, против кого Обвинителството отвори истражна постапка, поради сомнение дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“.

Морате да признаете дека тоа никогаш не било случај во минатото се сеќаваме за многу такви јунаци, коишто беа во близина на претседателите на Влада, коишто палеа и жареа низ Македонија и беа страв и трепет. Јавна тајна беше дека тие се оние коишто во сенка ги вршеа нечистите работи за тогашните претседатели на Влада, не треба да ги споменувам имињата, јавноста ги знае. Јас само како човек сакам да испратам порака до граѓаните дека кој и да е јас во една прилика кажав и брат и сестра да ми е, и Свети ВМРО да е, доколку ја изневери довербата на граѓаните, ја наштети честа и на ВМРО-ДПМНЕ на политичката партија од којашто доаѓам јас, а пред се на Владата и државата ќе биде најжестоко и најостро санкциониран, кој и да е, изјави Мицкоски.

Обвинителство вчера отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите.

Од ЈОРСМ, информираа дека јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донело наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на претседателот на Владата, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“, за кое по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.

Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите, информираа од ЈОРСМ.

Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог, како што информираат, бил прифатен од судот.

МВР завчера соопшти дека на 30 март по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода, наведоа од МВР.

Сарамаков се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје, потврди за МИА вчера директорот на установата, Бобан Утковски, откако Кривичен му одредил 30 дневен притвор.

По апсењето, од Владата нагласија дека истрагата треба да утврди што се случило и потенцираа дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

TAGGED:Мицкоскиобезбедување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ФОТО: Со ајвар и уникатни разгледници пречекан првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз
Следна статија Паркира кој каде ќе му текне (ФОТО)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението…

July 19, 2025
Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од…

July 18, 2025

(Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија

Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион…

July 20, 2025

Дали ги разликувате ознаките на парфемите, еве што значат

Секоја шише парфем содржи одредена концентрација…

July 19, 2025

Овие хороскопски знаци мислат само на себе

Иако сите хороскопски знаци имаат свои…

July 19, 2025

Агресија на секој чекор: Полицаец бил нападнат на Средно Водно

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска…

July 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Денес е Благовец, ова се народните верувања и обичаи

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

Денеска официјално беше најавена кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми јавната…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Исвиркан градоначалникот на Кочани од страна на семејствата на жртвите од „Пулс“

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, синоќа се соочи со револтот на семејствата на загинатите во трагедијата во…

July 12, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?