Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18.
Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија на Шведска од 5-0 со која тие дојдоа до водство од 6-3.
Македонија се држеше до 10-7, а потоа следеше неверојатен пад. До крајот на првото полувреме не дадовме гол, првите 30 минути завршија со 15-7.
Серијата Шведска ја продолжи и во вториот дел, дојдоа до предност од 20-7. Ние 20 минути немавме постигнато гол. Швеѓанките неколкупати имаа и 16 голови предност, на крајот мечот заврши со 28-18.
Наш најдобар поединец беше голманката Јована Мицевска која имаше десет одбрани, најголемиот дел беа зицери. Ристовска, Младеновска, Кипријановска и Јанкуловска постигнаа по три гола. Најдобра на теренот беше Швеѓанката Хагман со девет голови.
Следниот натпревар на Македонија е во сабота против Турција од 20:30 часот. Тоа е меч на кој ние сме фаворити.