Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.
–Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република.