strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

Објавено October 10, 2024 14:41
strana.mk
Сподели
Сподели

За нас како Влада главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата, бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата, порача претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната прва конститутивна седница на Економскиот социјален совет.

Претседателот Мицкоски вели дека за да има стабилна економија мора да има владеење на правото, нешто кое што изминатиот период за жал го нема, додавајќи дека во периодот кој што следи следува и подобрување, бидејќи како што рече никој од инвеститорите дали од Македонија или надвор не сака да ги инвестира своите средства во држава во која не владее правото.

За да имаме добра и стабилна економија потребно е да имаме владеење на право, нешто кое за жал го немаме, и ќе се обидеме во периодот кој што следи да го подобриме и вистински да имаме владеење на правото, затоа што ако нема правна држава нема да имаме инвеститори кои што без разлика дали се од Македонија или се од надвор ќе сакаат да ги инвестираат своите средства. И во таа насока овие два параметри одат еден со друг, кажа тој.
Мицкоски нагласи дека дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите и Владата е важен за да се создадат услови за функционирање во кој ќе започне процес кој ќе води во насока на одржлива економија и владеење на правото.

Нормално тука е дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите во делот на креирање услови за да можеме да функционираме како што треба и мислам дека со оваа денешна конститутивна седница ќе започнеме еден таков процес кој што ќе не води во таа насока да имаме, најпрво одржлива економија, владеење на правото и квалитетен дијалог помеѓу овие три страни, синдикатите, работодавачите и Владата.

Претседателот Мицкоски посочи дека наследил распаднати институции со огромни долгови и тоа само по однос на тековни расходи заклучно до 24 јуни во Буџетот недостасувале 30 милијарди денари.

Имавме неплатени обврски кон приватниот сектор кој што сѐ уште се ажурираат од близу 200 милиони евра. Сега се и повеќе, како одминува времето така стигаат. Минус од отприлика 150 илјади евра во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, надвор од тековните обврски, за пензии за редовна исплата недостасуваат околу 5 милијарди денари. Недостасуваат од прилика 4,2 милијарди денари за редовна исплата на плати, во првичната верзија на Буџетот, дополнителни обврски по основ на јавни претпријатија кон меѓународни финансиски институции од 5,1 милијарда денари. Во Фондот за здравство недостасуваат од прилика 1,7 милијарди денари во првичната верзија на Буџетот, 800 милиони денари загарантиран минимален доход, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за стипендии, околу 300 милиони денари за блок дотации, 1 милијарда денари за субвенции кон компаниите кои работат во ТИРЗ, итн. Списокот е долг, се на се заклучно со 24 јуни недостасуваа во буџетот 30 милијарди денари за тековни расходи.

Жалам што Економско социјалниот совет претходно кога се креирал буџетот не бил така активен, како што поединци беа активни овие 100 дена. Но, таква е состојбата, изјави Мицкоски и додаде дека парите се обезбедени преку зголемување на наплатата во клучни сектори, а тоа се УЈП и Царинската управа потенцирајќи дека повеќе нема фиктивни компании кои измислуваат милионски суми за повраток на ДДВ и на тој начин ја крадат државата.

На крај Премиерот Мицкоски укажа дека Владата е партнер во кој што синдикалните здруженија и работодавачите ќе имаа доверба и ќе соработуваат, а не како страна која што сака да се наметне како авторитет.

TAGGED:мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати
Следна статија Минчев за укинувањето на „балансерот“: Министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“

Стотици илјади луѓе со напреднат рак на главата и вратот би можеле…

June 17, 2025
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се…

June 15, 2025

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната…

June 17, 2025

Дебакл на економските политики на власта: Македонија на дното на Европа, велат од СДСМ

„Согласно последните податоци на Евростат, Македонија…

June 17, 2025

Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да…

June 17, 2025

Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали

Иако во последниве десетина години се…

June 17, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

Народната банка го објави за првпат Извештајот за спроведувањето на макропрудентната политика, со кој се овозможува транспарентен увид во карактеристиките…

May 10, 2025
НАСЛОВНИ

Џо Бајден го помилува синот осуден за оружје и даночно затајување: Се надевам дека Американците ќе разберат

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер, што е прилично пресврт за претседателот кој постојано изјавуваше…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информира министерката за финансии,…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи

Живееме во време на значителни предизвици на економски план и мораме да вложиме напори за целосно користење на човечкиот капитал…

May 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?