strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

Објавено May 18, 2025 17:19
strana.mk
Сподели
Сподели

Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета како што човек може сам на себе си да си направи. Тоа имам нему и на сличните нему да им порачам. Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМЕ.

Го гледам, истакна Мицкоски, иако гласно не го коментирам она постојано заканување кое доаѓа од еден лик од албанската опозиција кој знае дека после овие избори го чека пензија.

Што се однесува до заминувањето на Таравари од Владата е еден потсетник за сите нас дека додека ние настапуваме искрено и принципиелно кон луѓето и промените, тие не се заинтересирани за идеја, визија и промени, туку за нешто друго. Сакам да му порачам дека неговите калкулации на долг рок нема да му испаднат добро за неговата партија. И дека со ваквото однесување на излегување и влегување во влада, кое е рамно на она “како до сега”нема да помине долго кога и неговите сегашни партнери од ДУИ ќе сфатат дека нивното партнерство е со времен карактер додека некој не му даде подобра понуда или не го уцени за нешто што му е побитно од ова сега. Јас таква политика не водам. Можеби звучам наивно, но како што секогаш говорам промените започнуваат од нас, и ние треба да бидеме она што сакаме да го постигнеме, и тоа што граѓаните го очекуваат од нас, искрени луѓе, кои нема да калкулираат и да играат игри, и преку интигри, уцени, злоупотреби ќе се одржуваат на власт, туку ќе ја кажуваат вистината секогаш и ќе бидат принпципиелни и доследни на својот збор. Ако не сме доследни на зборот, тогаш џабе ни е се. И јас таков и ќе бидам, рече Мицкоски.

Како што дополни, многумина ми велеле откачи го брзо Таравари, тој сака да седи на две столици, да остане во владата, а истовремено ДУИ да му поддржи пет градоначалници, преку некандидирање на свои и така да го засили во базата, тоа што ДУИ го бара од него е да објави дека на листата на советници ќе оди сам, за да можело ДУИ да брои советници во однос на ВЛЕН. Замислете каква стратегија? Како бројот на советници да треба да ме убеди мене дека треба да ги земам од ДУИ во владата а не принципи, програма, и заеднички цели!? Зарем тие мислат дека јас ќе заборавам како Бујар Османи го продаваше мојот македонски идентитет? Одлучил Арбен да биде маша на ДУИ и да го одржува во политички живот сите оние за кои тој лично најлоши работи има зборувано, штета. Но како одлучиле така нека тераат, јас не сум загрижен само може да бидам разочаран, но ова нема да ми ја промени вербата во луѓето и во нивниот збор, порача Мицкоски.

На пријателите кои му велеле побрзо да го тргне од владата, им велел – Ако, оставете го Таравари нека размислува, нека се врти како риба прескочица на суво, нека измислува изговори, па да видам како ќе проба да ја префрла топката вината што си оди да е кај нас, па да видам како ќе ме погледне во очи после се низ кое јас и тој како пријатели сме поминале.

Срамот е кај него, тој треба да се објаснува а не јас. Нас ни е душата и совеста чиста. Кај мене зборот е збор, ако дадам збор и ветам мора да исполнам, дури и по моја штета не можете секогаш во животот да добивате, некогаш и ќе гудите. Тоа не прави разичи. Но, очигледно ДУИ има свои методи на убедување. Заеме сите кои се тие. Изгледа Ахмети е толку речит и мудар политичар штом вака лесно импресионира еден квалитетен доктор да направи ваква вратоломија и да ризикува за две, три години од сега неговата партија да биде маргинализирана, а неговите луѓе заборавени или претопени во ДУИ, затоа што ако сега во ВЛЕН немале простор како што вели Травари, каков ли простор ќе имаат кога ќе влезат во партнерство со Артан, со Бујар, со Села, и со останатите, како ли ќе седат таму и ќе можат да ги гфледаат во очи после сето тоа што го зборуваа пред мене. Но ете тој си има своја калкулација. Или пак Али е нешто посебно убедлив и го воодушевил, импресионирал, да не речам магепсал и одлучил така дека поважно е да има пет градоначалници и да им направи услуга на ДУИ, отколку да држи збор и принципи. Некој ќе рече се си има своја цена, но тоа не важи за мене. За мене зборот и принципите немаат цена. Но тоа е што е, наведе Мицкоски.

Најави дека Владата продолжува уште појака и уште пообединета во следната фаза на наше организирање.

И оваа битка против политичарите кои користат интриги, уцени, корупција, и од кои на граѓаните им е преку глава, ќе продолжи, затоа што ова не е етничка или верска битка“. Не е ниту идеолошка. Туку ова е една битка на едно базично ниво, на бандити од едната страна и Македонија и сите нејзини чесни граѓани, Македонците, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и останати на другата страна. Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета како што човек може сам на себе си да си направи. Тоа имам нему и на сличните нему да им порачам. Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече Мицкоски.

Во обраќањето Мицкоски говореше и за претстојните локали избори, реформите во државата, договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство, трагедијата во Кочани.

TAGGED:МицкоскиТаравари
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Затвореници избегале од затвор во Њу Орлеанс низ дупка зад тоалетна школка/ВИДЕО
Следна статија Папата Лав XIV го прими Зеленски

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството

Новиот министер за здраство Азир Алиу на денешната прес – конференција во…

June 15, 2025
Клиниката за нефрологија е одобрена како еден од хостинг центрите за Интернационалната обука по интервенциска нефрологија

Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје доби големо признание за својата работа…

June 14, 2025

Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме…

June 16, 2025

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Има Договор за добрососедство, пријателство и…

June 16, 2025

Жена во бессознание пренесена во болница, откако ја удрило струја додека чистела низ двор

Вчера во 12.23 часот во СВР…

June 16, 2025

Две години суспензија за грчки АЕК, ама и парична казна за Алкалоид

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните…

June 16, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со Гилаури: Учиме од најдобрите за македонско, подобро утре

Денеска имавме средба со Ника Гилаури поранешен премиер на Грузија, објави премиерот, Христијан Мицкоски. Човек кој, во време на глобална…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на…

December 23, 2024
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поврзани со големи злоупотреби правени во минатото

Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, рече…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција и на средба со Виктор Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта ќе присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за…

May 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?