Човек налетал на древни келтски монети додека набљудувал птици.
Според извештаите, се верува дека монетите датираат од периодот кога кралицата на келтското племе Ицени Будика водеше бунт против Римската империја.
Човекот додека гледал во орелот и страчките како се „тепаат“, забележал на работ од полето за што верувал дека е старо парче машина за перење.
Меѓутоа, кога го зел , забележал дека дебелината на предметот одговара на нешто многу позначајно.
Во урната што ја пронашол имало вистинско богатство со околу 1.300 келтски монети, за кои експертите проценуваат вкупна вредност од над 845.000 фунти, додека вредноста на секоја монета е околу 650 фунти.
Го однел златниот наод дома во две кеси од супермаркет, а потоа го пријавил своето откритие во локалната судска канцеларија, која сега треба да одлучи дали богатството ќе му припадне на музејот или човекот.
Во секој случај, наоѓачот е должен да ја подели наградата со сопственикот на нивата каде што е пронајдено богатството.