Алекс Салмонд (69) поранешниот премиер на Шкотска почина попладневно за време на ручекот на конференцијата што се одржува во хотелот Инекс Горица во Охрид.
Се претпоставува дека причината за смртта била срцев удар. Обидите на медицинската екипа на Брзата помош на Охрид за реанимација беа безуспешни.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.