Од петок, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Објави на социјални мрежи нема да се сметаат за исполнување на обврската.
Обврската не важи за микротрговците со до 10 вработени и приход под 50.000 евра годишно. Според новите измени во Законот за заштита на потрошувачите, цените ќе се ажурираат дневно, а непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат.
Цените ќе се ажурираат на дневна основа, со што потрошувачите во реално време ќе може да споредуваат. Очекувањата се дека на овој начин ќе се зголеми конкуренцијата и цените дополнително ќе се намалат.
Паралелно, дури 9 правни субјекти, вклучително и маркети, аптеки, увозници – дистрибутери, добиле 15-дневна забрана за вршење на дејност како и парична казна поради непочитување на владините одлуки за скалестото ограничување на бруто профитната маржа, како и замрзнување на цените на одредени прозиводи, велат од Пазарената инспекција. Освен затворање кај одредени правни субјекти, од досега извршените контроли изречени биле и парични казни во висина од над 50.000 евра.