strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СПОРТ > Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
СПОРТ

Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес

Објавено December 24, 2024 21:04
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции, Горан Пандев одржаа денеска состанок во „Куќата на фудбалот“ со селекторот на македонската машка фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

На средбата, како што соопшти ФФМ, соговорниците „отворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за други аспекти од соработката што допрва започнува меѓу Пандев, како спортски директор на националните селекции и селекторот Милевски“.

„Имавме отворен и пред сè искрен разговор. Претседателот на Федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација“, изјави Милевски.

Пандев, кој во неделата беше назначен за спортски директор на националните селекции, изрази задоволство од своја страна од отворениот разговор „за тоа што може да биде подобро во иднина и заедничкиот стремеж да одиме напред кон нови победи“.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, истакна по средбата Пандев.

TAGGED:благоја милевскигоран пандевмасар омерагиќ
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ
Следна статија Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на…

July 9, 2025
ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото…

July 9, 2025

Армијата ангажирана во справувањето со пожарите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот…

July 9, 2025

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00…

July 9, 2025

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Со два противпожарни авиони од типот…

July 9, 2025

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека…

July 9, 2025

РАЗНО

СПОРТ

Дончиќ и Леброн ги решија Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го прослави 26. роденден со 31 поен и нова победа за Лос Анџелес Лејкерс, овојпат во градското дерби…

March 1, 2025
СПОРТ

Американските медиуми го распнаа Јокиќ откако изјави дека овој Божик не е негов

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на Божиќната ноќ од Феникс Санс на гостински терен со резултат 110:100. На Нагетс…

December 26, 2024
СПОРТ

Цветановски откри детали од драмата со навивачите на АЕК во Скопје: Не смееле да излезат на терен, биле со солзи

Финалето во ракомет меѓу Алкалоид и АЕК не само што не се одигра, туку остана запаметено како пример за притисоци,…

May 25, 2025
СПОРТ

Поднесена е иницијатива за смена на Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија, во вторникот е поднесено барање за Вонредно собрание. На Вонредното собрание ќе се гласа за…

April 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?