strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
ХРОНИКА

Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев

Објавено April 2, 2025 15:02
strana.mk
Сподели
Сподели

Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа  на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата. Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.

Прашан дали е логично, ако не оделе да убиваат некого да го остават телефонот во Скопје за да не се открие нивното движење, тој одговори дека имале мотороли и како што рече, „никој никогаш не правеше муабет за убиства“.

Прашан дали му било логично откако се вратиле другите да не разговараат ништо и да не праша што се случило со телото на лицето, одговори дека не знае. -Не знам дали е логично ,но никој не разговараше. Кога стигнавме во штабот направив кафе и сокови и тогаш се напомена дека е убиен, рече тој.

Во однос на прашањето дека од негова страна немало никаква реакција дека се случило убиство на 22.11.2024 во Велес, одговори дека не пријавил никаде бидејќи, како што рече „прво бев збунет, потоа не можев да го напуштам штабот“.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевс

На прашањето од обвинителката дека во неговиот мобилен телефон Љупчо Палевски е мемориран како „Царот“, односно дали тоа значи дека слуша сѐ што ќе му каже и нареди Љупчо Палевски, Кешишев одговори потврдно.

Согласно вештачењето, праша обвинителката, вие сте здрава личност, дали тоа значи дека свесно и доброволно сте ги презеле сите дејствија? -Не баш свесно, по навика што му бев послушен бидејќи ми кажа да не зборам многу, да ќутам, да седам на страна, ќе бидам на страна, рече тој.

На прашањата дали се бришени комуникациите со Љупчо Палевски и останатите обвинети, одговори дека не ги бришел тој бидејќи не знае како се бришат. Прашан дали му било познато дека учествувал во настан во кој треба да се уништат сите траги, одговори да. -Свесно или не свесно не можев него да го предадам пред сѐ и уште не ми беше јасно што се случи и како, не бев свесен за целата состојба, потенцираше Кешишев.

– Јас не сум човек. Кажа еден лош збор. Штом сум во ова и јас имам учество. Полека се кршеше човекот… Кажа дека оделе со Палчо во Бразда за некој објект што го градел. Реков, ќе не однесеш

Тој посочи дека сѐ што се гледа на сликите од обвинителството е точно.

Прашањата околу конкретни детали за убиството на Вања не ги одговори, посочувајќи дека не видел.

Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот. Потоа прашања треба да поставува одбраната на обвинетите.

Кешишев, претходно изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој денеска сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

TAGGED:кешишевпалчосудење
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Паркира кој каде ќе му текне (ФОТО)
Следна статија Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението…

July 19, 2025
Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од…

July 18, 2025

ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор

Центарот за управување со кризи информира…

July 20, 2025

(Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија

Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион…

July 20, 2025

Дали ги разликувате ознаките на парфемите, еве што значат

Секоја шише парфем содржи одредена концентрација…

July 19, 2025

Овие хороскопски знаци мислат само на себе

Иако сите хороскопски знаци имаат свои…

July 19, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Уапсениот во Грција е Ацо Боцевски викан „Циганот“: Беше во бегство од 1998-ма година

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Осуден е на 15 години затвор за убиство…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Возач прегази жена во Ченто, па избега

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик…

July 9, 2025
ХРОНИКА

Возел со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час, полицијата го приведе

Вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле…

March 31, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?