Иако во оваа фаза не можеше да даде оценка за преговорите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека денешните разговори би можеле да донесат повеќе јасност во врска со евентуалната средба лице в лице меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
Путин постојано кажуваше дека е подготвен да зборува за мир“, рече тој, инсистирајќи дека Русија сака да ги постигне своите цели, но претпочита да го стори тоа мирно.
Песков, исто така, подвлече дека прашањето за пристапувањето на Украина во Европската унија е нејзино суверено право и дека Русија нема намера да му диктира на Киев како да му пристапи на прашањето, но ќе повлече линија кога станува збор за воените сојузи.
„Зборуваме за интегративни и економски интегративни процеси. И тука, се разбира, никој не може ништо да диктира на ниту една земја и ние нема да го направиме тоа. Има сосема поинаков став, се разбира, за прашањата поврзани со безбедноста во однос на одбраната или воените сојузи“, рече Песков.