Пристигна биолошката терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија, потврдија од клиниката.
Од таму велат дека на клиниката ги има има сите лекови за онколошките пациенти и дека ќе бидат известени пациентите за нивниот термин за земање на терапијата.
-Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот за кога да дојдат за апликација на терапијата, или за подигање на таблетарната терапија.
Од здружението Хема Онко велат дека мора да се најде решение во делот на тендерските процедури за годишната набавка, бидејќи доцнењето на терапијата предзвикува голем товар кај пациентите.
Недостигот на биолошка терапија траеше околу еден месец.
Од Клиниката информираа дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и дека за една недела или веднаш по Велигден ќе се потпишат договорите со добавувачите за да почнат да ги носат лековите кои недостигаат.
YouTube video
Тагови: Клиниката за онкологија