За време на реставрацијата на познатата готска црква Свети Андреј, во германскиот град Ајслебен, откриено е богатство од 1600-тите, најверојатно скриено за време на Триесетгодишната војна, кога шведските војници ја ограбиле областа.
Шефот на ковачницата во покраината Саксонија-Анхалт, Улф Дрегер, ја нарече приказната „неверојатна“, откако беше официјално претставена во ноември 2024 година, пренесува Live Science.
Сè започнало кога реставраторите сосема случајно пронашле четири платнени кеси во ногата на статуа. Внатре пронашле повеќе од 800 златни и сребрени монети, од кои највредните биле означени дека припаѓаат на црковната ризница.

Во црквата Свети Андреј, во текот на 1546 година, протестантскиот реформатор Мартин Лутер, творецот на 95-те тези против корупцијата во Римокатоличката црква, ја одржа својата последна проповед.
Сто години подоцна, некој го искористил светилиштето како „безбедно засолниште“ и ги сокрил вредните работи во четири платнени кеси.

„Чудо е што не беа откриени порано“. „Ќе биде потребно време експертите да ја проценат вредноста на монетата, но можам да кажам дека не е мала“, истакна Дрегер.
Тој додаде дека монетите не потекнуваат од донации за време на неделните богослужби, туку свештениците ги добивале за посебни услуги, како што се свадби, крштевки и погреби.