strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени
ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Објавено October 7, 2024 16:52
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година, поради влијанието на климатските промени, се вели во новиот Извештај за климатски промени и развој на земјата (CCDR) на Светската банка, кој денес беше објавен во Скопје.

Според извештајот, Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди американски долари во следната деценија за ефикасна заштита на луѓето и имотот од последиците на климатските промени.

Со минато обележанo од разорни поплави и екстремни временски настани како поројни дождови и топлотни бранови, кои предизвикаа загуби од 667 милиони американски долари во последните 20 години, климатските предизвици на Македонија само растат.

„Природните непогоди несразмерно ги погодуваат ранливите сектори, особено земјоделството, каде малите семејни фарми страдаат од суши и град поради недоволно наводнување, заштита од град и осигурување,“ изјави Масимилијано Паолучи, директор на Светската банка за Косово и Македонија.

Покрај инвестициите во адаптација кон климатските промени, Македонија треба да ја забрза енергетската транзиција за да постигне нето нула емисии до 2050 година, во согласност со целите на Европската унија.

Според извештајот, транзицијата кон напуштање на фосилните горива може да ја зајакне енергетската сигурност преку поттикнување на пофлексибилен и модерен енергетски систем. Оваа промена, исто така, може да донесе значителни подобрувања во здравјето и економските резултати на долг рок, главно преку подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на оперативните трошоци на енергетскиот систем.

„Постигнувањето на нето нула емисии до 2050 година е остварливо за Македонија, но ќе бара значително зголемување на инвестициите,“ изјави Николас Маркиер, регионален менаџер на ИФЦ за Западен Балкан. „Мобилизирањето на приватниот капитал ќе биде клучно за забрзување на зелената транзиција и поттикнување на одржлив економски раст на долг рок.“

Овие инвестиции опфаќаат изградба на 6,9GW капацитети за обновлива енергија, електрификација на клучните сектори како транспортот – каде се очекува 90% од патничките возила да бидат електрични до 2050 година, и зголемување на енергетската ефикасност за годишна заштеда од 36% топлинска енергија.

Фискалната политика е клучна за забрзување на транзицијата кон позелена економија. Прегледот на јавните финансии за климатските промени во Северна Македонија, презентиран денес заедно со CCDR, подвлекува дека даночните политики може да поттикнат обновлива енергија, зелен транспорт и одржливи технологии со укинување на субвенциите за електрична енергија од јаглен, и истовремено да помогнат да се заштитат ранливите домаќинства од зголемените енергетски трошоци. Климатското означување на буџетот и зелените јавни набавки можат да помогнат во следењето на зелените финансии и засилување на зелената потрошувачка.

Прегледот на јавните финансии за климатските промени, исто така, ја нагласува итноста од воведување на цена на јаглеродот за намалување на емисиите на стакленички гасови и генерирање значителни приходи за државата, потенцијално до 730 милиони евра годишно, кои може да се искористат за потребни инвестиции во ублажување на последиците и адаптација, како и за праведна транзиција.

„Приходите од цените на јаглеродот би можеле да ги поддржат домаќинствата и бизнисите за време на зелената транзиција, истовремено обезбедувајќи и други придобивки како подобрен квалитет на воздухот и здравјето во Македонија,“ изјави Сања Маџаревиќ- Шујстер, виша економистка во Светска банка и главна авторка на извештајот.

TAGGED:вложувањеземјоделствоизвештајклиматски променисветска банка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година
Следна статија Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен…

December 2, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга –…

December 1, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поради подготовки за грејната сезона, исклучени блоковите во РЕК Битола

Во РЕК Битола, во рамки на подготовките за претстојната грејна сезона утрово од мрежа го исклучи Блок 3, а во…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш

Николоски додаде дека минантата година, вкупно милион и сто илјади евра преку министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија тоне, обвини ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа прес-конференција на која ги соопшти бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој,…

October 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?