Четиригодишниот Хадис е изгубен во населбата Ченто во Скопје, а неговите родители на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните за да го пронајдат.
Според информациите на платформите, момчето последен пат било видено во близина на слаткарницата „Делиција“ во Ченто.
Облечен е во зелени алишта и носи црвени патики.
Апел до сите кои можеби го виделе Хадис или имаат какви било информации, да се јават на телефонскиот број 078 912 545.