strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи

Објавено November 12, 2024 20:05
strana.mk
Сподели
Сподели

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој меѓу другото говореше и за загадувањето на воздухот, една од најактуелните теми деновиве како и за најавените мерки од страна на Владата за справување со ваквиот горлив проблем.

Според него ова е тема која во изминативе десетина години се претвора во навика особено во зимскиот период, тема на која постојано се навраќаме и е се поприсутна во медиумскиот простор.

„Првично беше заради политички поени, па потоа се промени власта и видовме дека од тие најави за коишто тогашните владини министри сами си протестираа против себе немаше ништо. По седум години неправење ништо, истите тие кои во минатото ги оправдуваа тие мерки а не беа соодветни, сега гледаме дека реагираат на оваа тема за којашто не велам дека не е суштинска и не треба нешто да се преземе“, истакнува Стојаноски.

Објаснува дека врз основа на анализата која е направена, а покажува дека воздухот во градот Скопје, а и во останатите градови најмногу се загадува поради немањето друга алтернатива која ја користат граѓаните за греење освен огревното дрво, Владата размислува и настапува со јасна стратегија за „напаѓање“ на загадувањето.

„Доколку сакате да го ‘нападнете’ загадувањето и да имате стратегија како тоа да го надминете мора да имате конкретен план и ние се одлучивме тоа да го направиме преку инсталација на когенеративни централи. Тие се оние централи коишто произведуваат енергија на гас. Во Скопје има една таква, тоа е когенеративната централа „ТЕ-ТО“ којашто произведува електрична енергија, но и топлинска енергија и на тој начин да можеме да го завршиме процесот на гасификација и на топлификација на градот и да може таа алтернатива да стигне до што е можно поголем број на домаќинства за да може да се замени огревот на дрва и на други материјали со овој начин на огрев и на тој начин за 60% да го намалиме загадувањето, прецизен е Стојаноски во презентирањето на решението.

Според него со оглед на тоа дека во изминатите години не е правено ништо по ова прашање, потребно е време како и партнери преку чие влегување на пазарот ќе може да се направат овие когенеративни централи со чија помош ќе се намалува загадувањето, не само во Скопје, туку и во другите градови од земјата.

„Отворен е повикот кон партнерите, јас верувам дека ќе изнајдеме начин и тие партнери да ги привлечеме тука бидејќи водиме една пријателска политика кон сите оние коишто сакаат да вложуваат. Јас сакам да ја потсетам јавноста дека со гас и со загревање на ваков начин ние почнавме уште во претходниот мандат додека бевме на власт, конкретно за градот Битола каде што преку РЕК и таа енергија што се создава да успееме со гас да ја донесеме до Битола и на тој начин ќе продолжиме да се движиме и во градот Скопје“, вели Стојаноски.

TAGGED:Бојан Стојаноски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ако ја возев таа вечер во Париз, ќе беше жива, вели шоферот на принцезата Дајана
Следна статија Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори – Скопје не е само град, тоа е душата на Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

Од МВР денеска информираат дека е…

November 15, 2025

(ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку…

November 14, 2025

(ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде…

November 13, 2025

(ВИДЕО) Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со…

November 12, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, до крајот на мандатот на Владата ќе бидат реновирани сите студентски домови

Идната година ќе почне сместувањето на студентите во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје кој се реконструира од минатата пролет.…

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Нашиот потенцијал е да се развиваме, да бидеме држава преку три паневропски коридори, која ќе биде поврзана со Европа и со светот

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека апсолутно е транспарентен начинот на кој се објавуваат вестите поврзани со стратешкото партнерство со Велика…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Дигиталната судница во Идризово заслужува почесто да биде користена, до крајот на годината ќе почне изградба на втората фаза од затворот

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

На граничниот премин „Табановце” кон Србија и на граничниот премин „Богородица” кон Грција попладнево времето на чекање за влез во…

April 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?