Додека партиите сè уште ги калкулираат своите кандидати за локалните избори, зад сцената сè погласно се споменува еден политички тандем кој би можел сериозно да ја раздвижи трката во Општина Центар. Станува збор за Емилијан Станковиќ, долгогодишен член на СДСМ со богато парламентарно искуство, и Софија Куновска, позната јавна личност и поранешна советничка која често отворено ги критикува и власта и опозицијата.
Според извори блиски до иницијативата, се разгледува модел во кој едниот би настапил како кандидат за градоначалник, а другиот како носител на советничката листа – со можност за целосно независен настап, без формална поддршка од политичка партија. Се уште не е дефинирано кој би ја презел водечката улога, но оваа комбинација се анализира како алтернатива со потенцијал, особено меѓу гласачите кои се разочарани од традиционалните понуди на политичката сцена.
И двајцата се доживуваат како ликови со висок степен на јавен кредибилитет, кои со своето искуство, пристап и независна позиција би можеле да привлечат значаен број неопределени и разочарани гласачи во Центар.
Дали оваа соработка ќе се официјализира и дали навистина ќе влезат во трката – останува да видиме во наредниот период