Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село, поради тоа што претходниот ден (18.10.) околу 22.30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.
За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.