Десетици спасувачи и истражители на левиот брег на Вардар го набљудуваа возилото ауди во кое се одигра трагедијата со 4 жртви. Автомобилот беше извлечен синоќа од студениот Вардар, во него имаше три женски тела. Мајка, ќерка и снаа загинаа во нереќата, 56-годишниот маж беше пронајден денес попладне.
Детето е згрижено на Клиниката за детска хирургија. Состојбата му е подобрена во однос на вчерашната кога ја преживее несреќата и беше префрлено во болница. Но неговата мајка, тетка, баба и дедо загинаа во студената река.
Студеното и магливо време ја попречуваа потрагата.
Пожарникарите едвај се спуштаа од стрмиот десен брег, додека спасувачи имаше во реката и ги проверуваа локациите посочени од дронови кои од воздух пребаруваа. Потрагата ја отежнуваше и фрлениот градежен шут и ѓубре на речниот брег.
Причината за трагедијата допрва ќе се утврдува. Синоќа коловозот бил влажен и подмрзнат, па жителите кои ја набљудуваа потрагата во Вардар бараа да се фрли сол и на тој локален пат кој го користат жителите на општина Сарај.