Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, гостуваше во ,,Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Тој говореше за претстојните локални избори и ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат. Томовски додаде дека бројот на општини каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, не само што ќе се повтори , туку истиот ќе биде и зголемен.
Томовски го повика Филипче да ги покаже анкетите кои тој изјави дека ги има на јавноста, со цел да се обзнани од каде се истите.
-Не покажал никакви анкети, го отповикувам јавно да ги обзнани кои се тие анкети и да ги видиме, да видиме дали се од некоја меродавна институција која што може да ги даде тие анкети. Но, јас ве убедувам дека не е тоа така, бидејќи доколку беше тоа така уште вчера ќе имавме протести по улиците и барање на предвремени парламентарни избори, вели Томовски.
Томовски објасни дека во претстојниот период, не само што ќе биде повторен истиот број на општини каде што актуелни се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе биде и зголемен, особено сега, кога се случува градежна експанзија низ целата држава. Тој додаде и дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, најпрво треба да исполнат три параметри.
-Кандидатите кај нас треба да поминат филтер, односно треба да исполнат три параметри. Првиот параметар е да поминат на анкети на анкети на јавно мислење. Се отпочнуваат постапките, ќе почнат да се прават и анкетите. Прво да видиме народот што мисли за тие кандидати бидејќи имаме потенцијални, истите кандидати, и плус имаме нови потенцијални кандидати, истакна Томовски.
Томовски посочи дека еден од параметрите е градоначалниците да бидат поддржани од самата структура внатре во партијата.
-Вториот параметар е да ги поддржи структурата односно партиските општинските комитети месните комитети. Онаа наша база која што традиционално ја прашуваме и го креираме мислењето за потенцијални кандидати. И резултатите, оние релевантни резултати, кои што ги постигнале до сега, прецизираше Томовски.