Во вчерашниот ден МВР спроведе акции за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата.
Според информациите се работи за полициска акција против кирминалните кланови Дуќанџик и Арачиново. Уапсени се 7 лица, членови на криминалните групи во Дуќанџик и Арачиново а пронајдени се пари и оружје.
Со акцијата се расветлуваат неколку познати во јавноста убиства, според информациите станува збор за најмалку четири случаи на кривично дело убиство меѓу мафијашките кланови.
За акциите кои се спроведоа изминативе денови и денеска, детали се очекува да даде министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој закажа прес конференција во 15 часот.