Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.
Изборот ќе трае до 31 мај.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.