Заврши ракометниот Мундијал 2025, Данска по четврти пат ја освои светската титула. Данските ракометари во големото финале во Осло триумфираа против Хрватска со 32:26.
Матијас Гидсел, данскиот репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч на СП, а воедно е и најдобар стрелец на турнирот со 74 голови од девет одиграни натпревари (74/107).
На второто место на листата на најјдобри стрелци на Светското првенство е Франсиско Кошта со 54 голови, колку што има и Французинот Дика Мем на третата позиција.
На четвртото место е Симон Богетофт Питлик од Данска со 50 реализирани погодоци. Петтопласиран е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски со 49 голови од 71 обид или 69% ефикасност (13/19 седмерци) во шест одиграни натпревари.