Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) и на Факултетот за физичка култура (ФФК), конечно ќе добијат згради. Објектите кои беа недоградени повеќе од 7 години кај комплексот факултети, ќе бидат доградени од новата власт.
Ова го соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски.
Томовски изјави дека за овие објекти веќе е разговарано со Министерството за образование и се работи на отстранување на сите пречки за да може да продолжи градбата.
„Во тек се измените на Законот за градба, каде треба да се предвидат одредени членови со кои ќе може да продолжи градбата оти поминати се 10 години од почетокот на градежните работи. Штом се отстранат тие пречки, ќе се почне постапката за довршување на двете згради. Очекуваме догодина да се распише тендер за доградба и да почнат градежните работи“, вели Томовски, пренесе СДК.
На овие два згради шест години нема никакви градежни работи откако фирмата „Бетон Штип“ отиде во стечај, а претходната Влада не направи ништо за да добијат свои простории студентите на овие два факултета.
И додека поважно е да се доградат за конечно овие два факултети да имаат згради, некои се занимаваат каков изглед ќе имаат, па и за тоа има одговор, да не се секираат нема да бидат барок, туку модерни фасади.