После вечерашното реми со Рома, Милан му врачи отказ на сегашниот тренер Пауло Фонсека. Фонсека кој дојде во Милан на почетокот на сезоната, не го дочека крајот на натпреварот, затоа што во 43. минута од дуелот со „волчицата“ доби исклучување.
Него ќе го менува исто така негов сонародник. Станува збор за Серџо Консеисао, кој е без работа откако си замина од Порто. Интересно е што Консеисао во минатото го носеше дресот на Интер, лутиот ривал на Милан.
Поранешниот португалски репрезентативец освои три титули, четири Купа и еден Лига Куп на Португалија.