Француската полиција денеска соопшти дека запленила повеќе од два тона кокаин со проценета вредност од 130 милиони евра во пристаништето Авр на северозападот на земјата.
Во акцијата уапсени се возачот на камионот и пристанишниот работник кои учествувале во шверцот. Ним им се заканува затворска казна до 30 години.
Пристаништето Авр со години беше една од најважните порти за шверц на кокаин во Франција.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ретају и честиташе на полицијата за успехот, додека властите наведуваат дека станува збор за рекордна заплена на кокаин
„Од ден на ден ја интензивираме нашата војна против шверцот со дрога, благодарение на исклучителната работа на нашите агенти“, изјави министерот за внатрешни работи Ретај за мрежата Икс.
Франција и другите европски влади се обидуваат да ги разбијат бандите за шверц на дрога и смртоносните судири меѓу нарко бандите.