strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам сите законски услови за именување на оваа позција
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам сите законски услови за именување на оваа позција
МАКЕДОНИЈА

Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам сите законски услови за именување на оваа позција

Објавено October 24, 2024 22:08
strana.mk
Сподели
Сподели

Именувањето на директор со одлука на Владата е реализирана во сериозна и внимателна постапка ценејќи ги сите законски услови за именување директор. Одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам сите законски услови за именување на оваа позција. Имам скоро дводецениско искуство во безбедносниот сектор, од кои околу десет години раководен стаж во УБК и МВР, вели новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Христовски, во интервју за „360 степени“, нагласува дека обвинувањата и изјавите од одредени политички партии, базирани на шпекулации и претпоставки, се дневнополитички теми и оти не би сакал да коментира „бидејќи секој мој коментар би значел одговор и дополнително навлегување подлабоко во теми во кои не е потребно да се навлезе“.

– Законот е тој, донесен е во 2019 година со изгласување од страна на двотретинско мнозинство во нашиот Парламент. Најпрво и најважно за мене е законот да биде почитуван, како од мене така и од сите вработени во Агенцијата и сите други учесници во системот што треба да го почитуваат. Факт е уште една работа – дека веќе година дена или откако се вратив односно пред да бидам вратен во Министерство за внатрешни работи, со моја официјална изјава за повлекување од членство и секаква друга припадност кон партиските структури, се повлеков од ВМРО-ДПМНЕ и оттогаш па наваму немам апсолутно никакви партиски, политички активности. Но, треба да се запрашаме и за уште една работа – доколку кај мене случајот е една година од повлекувањето да сум именуван за директор од страна на Владата, во случаите на претходни двајца директори немаше поминато ниту еден ден од нивните политички или партиски активности, па дури се сомневам и дека во текот и на нивното работење биле под политичко влијание и дека истото го пренесувале во вид на притисок на вработени во службата. Тие сомневање и индиции ќе бидат дополнително проверени следниот период, изјави Христовски.

На прашањето дали тој може да биде објективен во проверките, Христовски рече дека „ниту смее, ниту може, ниту сака, ниту политички ќе делува во АНБ“.

– Тие што ме познаваат знаат дека сум професионалец и дека никогаш не ги мешам моите лични ставови и идеолошка, не партиска определба, нагласувам, во мојата работа. Точно знам да поделам што е тоа што е мое лично мислење, а што е тоа што е работа, професионализам и работење по законот, вели тој.

За известувањето на ДКСК дека е отворен предмет по анонимна претставка за назначувањето на Христовски за директор на АНБ, тој одговори дека е отворен за соработка зашто е легалист, иако најверојатно главните прашања на Антикорупциска ќе бидат насочени кон Владата.

– Моето формално отчленување од партија е пропратено со моја апсолутна политичка неактивност во изминатиов период, а посебно тоа ќе биде покажано на дело од првиот ден на моето именување, па во следниот период. А тоа Владата, институциите и граѓаните ќе може да го видат на дело, а тие дела ќе бидат зачувување и подобрување на безбедноста состојба во државата односно единствена надлежност што ја има Агенцијата – внатрешната безбедност на државата, изјави Христовски.

Христовски повтори дека во моментот поседува безбедносен сертификат од степен „строго доверливо“ што е ниво под „државна тајна“. – Безбедносен сертификат за одредена категорија на пристап до класифицирани информации се добива кога работникот или именуваното лице има потреба од пристап и ракување со одреден степен на класификација, односно сертификатот не се бара и не се доделува за потенцијално назначување на позиција, туку откако лицето ќе биде назначено на тоа место, вели Христовски.

Во однос на критиките за евентуалното спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање, што во јавноста го иницираше премиерот Мицкоски, Христовски вели имаат погрешен фокус и оти, наместо тоа треба да се обрне „внимание на ефикасноста на надзорните тела кои ќе ја набљудуваат работата на новоформираната агенција“.

-Зарем мислите дека не е концентрација на моќ и постоењето на АНБ како една служба? АНБ и Агенција за разузнавање се доволно моќни и сами по себе. Спојувањето би ги направило малку помоќни, но во една служба. Но, клучен фактор за разбивање на таа концентрација на моќ е квалитетниот, ефикасниот и во пракса функционален надзор на службите или на таа нова служба што би се направила. Тоа е граѓанскиот, експертскиот надзор, парламентарниот надзор. Треба повеќе да се насочиме кон тоа. Кон функционалност на надзорот на службите, а не на тоа дали ќе има концентрација на моќ или не. Кога има добар надзор, не може да има концентрација на моќ, изјави Христовски.

Тој смета дека законот за спојување на двете агенции треба многу детално да ги предвидува сите обврски, надлежности, одговорности на новата агенција, а на надзорните тела да им се дозволи овластувања од парламентот за да нема повеќе злупотреби во службата.

TAGGED:бојан христовски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции
Следна статија Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Екс хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ скокна во морето на Антарктик

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која…

January 22, 2026

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов по втор пат стана татко!

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов…

January 21, 2026

(ВИДЕО) Николоски: Сите државни патишта се целосно исчистени

Сите државни патишта низ Македонија се…

January 21, 2026

(ФОТО) Од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, најави Коце Трајановски

Директорот на Јавното претпријатие за државни…

January 18, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Почина маж по пад од дрво, приведена сопругата која се обидела да избега од државата

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински

Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Теодор Јовески го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје

Теодор Јовески беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука…

March 8, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?