strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СПОРТ > Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
СПОРТ

Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи

Објавено March 31, 2025 21:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе со реакци по скандалозното однесување на одредени навивачи за време на едноминутниот молк со кој се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани на денешниот натпревар со Брера.

На стадионот во Тетово пред почетокот на средбата во минутата молчење од почит кон загинатите, одредени навивачи пееја песни и довикуваа.

  • Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.
    Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи.
    „Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството, стои во соопштението на „црвено-црните“ од Тетово.

Шкендија уште еднаш изрази жалење за ваквата состојба и го повтори својот непоколеблив став за почит кон изгубените животи и болката низ која поминува целото општество.

TAGGED:шкендија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) „БМВ“ изгоре на влезот во Тетово
Следна статија Стружанец градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридското Езеро

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ…

July 14, 2025
Дали во лето треба да земате витамин Д?

Летото е идеално време за поминување на време на отворено и природно…

July 13, 2025

Вечерва Месечината влегува во Риби, а тоа носи промени за три знаци

Месечината вечерва влегува во мистичниот знак…

July 14, 2025

Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

Согласно новите измени на Законот за…

July 14, 2025

Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира

Милјардерот Илон Маск повторно ја разгоре…

July 14, 2025

Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

С Македонија самата се блокира на…

July 14, 2025

РАЗНО

СПОРТ

ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска

Натпреварувачка комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрираше денеска натпреварот меѓу Воска и Вардар од 28. коло во…

April 23, 2025
СПОРТ

Далас со 1,8% шанси, го доби првиот пик на НБА драфтот

Иако имаше само 1,8 отсто шанси да победи на лотаријата, Далас Маверикс го доби правото да избира прв на претстојниот…

May 13, 2025
СПОРТ

Грчките ракометари се исплашија да играат во Скопје, ЕХФ прифати мечот со Партизан да се игра во Бугарија

Реваншот од четвртфиналето на Купот на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК се игра во понеделник од 11 часот во Бугарија!…

April 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Сензација на „Можуик“ – Леганес ја победи Барселона

Сензационален резултат го обележа последниот натпревар од 17.коло во Примера. Леганес на „Монжук“ ја победи Барселона со 1:0. Херпј на…

December 16, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?