strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Јаневска: Навремено достапни учебници, над 1.000 образовни асистенти, 36 капитални инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Навремено достапни учебници, над 1.000 образовни асистенти, 36 капитални инвестиции
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Навремено достапни учебници, над 1.000 образовни асистенти, 36 капитални инвестиции

Објавено October 7, 2024 12:55
strana.mk
Сподели
Сподели

Негрижата за образованието што постоеше до јуни ја заменивме со 100-процентна посветеност и во стоте дена отпочнавме крупни промени за поквалитетно образование и подобра иднина на младите. Ги стопиравме лошите политики кои го намалија бројот на ученици за 17 илјади во изминатите седум години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во отчетот по повод 100 дена од работењето на Владата.

На прес-конференција таа истакна дека е задоволна од сработеното во ресорот што го предводи и најави дека МОН ќе продолжи со „исто силно темпо, максимално посветени кон учениците, студентите, наставниците, професорите, исто како и во првите три месеци“.

Моето прво, а воедно и реализирано ветување, беше навремено достапни учебници за сите ученици. По седум години,  првпат навремено се испорачани учебници за сите ученици. Над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден. Успеавме да изработиме и повеќе нови учебници и наставни материјали по предмети за кои до скоро воопшто немаше никакво помагало – 10-ина во основното и 100-ина нови наслови во средното стручно образование, рече Јаневска.

За учебниците за странски јазици кои недостигаа на 1 септември поради проблеми во постапката, министерката рече дека набавката најверојатно ќе биде распишана најдоцна во јануари и дека тоа значи оти за следната учебна година ќе ги има и учебниците по сите странски јазици.

Во однос на инфраструктурата, соопшти дека во моментов се реализираат 36 капитални инвестиции во изградби и реконструкции на училишта, како и 40 помали санации на училишни објекти. Потсети дека започната е етапна реконструкција на државните студентски домови, со првите два – „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје за што се инвестирани 17 милиони евра.

Посочи дека е поништена одлуката за основање Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга кој не ги исполнувал условите за почеток со работа.

Во 140 училишта е воведена квалитетна, економична и ефективна едносменска настава, а наскоро бројот ќе се зголеми за 50-ина. Заедно со наставниците се изработуваат нови наставни програми од седмо до деветто одделение, откако претходно беше стопирана Концепцијата за основно образование во овие одделенија и се одделија предметите кои, преку спојување на Историјата со Географијата и Граѓанското образование, ги обезвредни претходната влада. По цели 20 години e започнат и процес на етапна изработка на нови наставни програми во гимназиското образование, рече Јаневска.

Првпат во основните училишта, додаде министерката, се ангажирани над 1000 образовни асистенти, а ќе се постапи и по дополнително пријавени потреби од страна на родителите и старателите во меѓувреме.

Јаневска информираше дека се менува и законската регулатива – пет закони се предмет на јавна дебата – за основно образование; за средно образование; за средно стручно образование и обука; за образование на возрасните; за Национална рамка на квалификации, а уште други пет, рече таа, наскоро ќе треба да поминат низ филтерот на експертската јавност.

Јаневска посочи дека пред три месеци затекнале буџет на МОН во дефицит од 5 милијарди денари, но дека со ребалансот, дел од парите биле вратени во касата за да можат да се сервисираат услугите и да се исплатат сите задоцнети обврски кон граѓаните и кон институциите.

Обезбедивме 900 милиони денари за исплата на редовни плати во училиштата и 1,4 милијарди денари за повисоки плати на наставниците во високото образование односно за  универзитетските професори. Ја исплаќаме неисплатената финансиска поддршка за учениците. Ги исплативме неисплатените ученички и студентски стипендии, награди на ученици и нивни ментори кои освоиле прво место на државен натпревар или високи места на меѓународни натпревари, неисплатените средства за меѓуградски превоз на ученици, неисплатените парични надоместоци за објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор. Исплативме средства кои претходната Влада не ги исплатила за учество во ПИСА-тестирањето во 2022 година, за учество во Фулбрајт-програмата со САД, за учество во Хоризонт-програмата на ЕУ и така натаму, што е навистина срамно, рече Јаневска.

TAGGED:Весна Јаневска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер
Следна статија Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по…

May 16, 2025
Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до…

May 15, 2025

Германскиот министер за одбрана им се закани на граѓаните со задолжителен воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус…

May 18, 2025

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна…

May 18, 2025

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“…

May 18, 2025

Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат…

May 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани не излезе во јавност, на ФБ изрази сочуство за настраданите

По трагедија во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а речиси 150 се повредени, градоначалникот на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Мисајловски од Брисел по предлогот на Трамп: Тешко ќе се стигне до 5% од БДП за одбраната, но…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел каде САД ја промовираа идејата земјите членки…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски…

November 26, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?