strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Љубов и крипто: Binance открива зошто инвеститорите играат на долг рок
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Љубов и крипто: Binance открива зошто инвеститорите играат на долг рок
БИЗНИС

Љубов и крипто: Binance открива зошто инвеститорите играат на долг рок

Објавено February 14, 2025 18:14
strana.mk
Сподели
Сподели

Новото истражување на Binance, глобалниот блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути според обем на тргување и број на корисници, покажува дека повеќето инвеститори со крипто валути имаат долгорочен пристап и кога станува збор за инвестирањето и кога станува збор за романтичните врски.

Речиси половина од испитаниците (49 отсто) се сметаат себеси за „Forever HODLers“, што значи дека инвестираат и во пари и во љубов, на долги патеки. Овие, но и многу други сознанија беа откриени преку глобално истражување спроведено од Binance во пресрет на Денот на вљубените, во кое беа анкетирани 2 200 крипто корисници во однос на тоа како тие пристапуваат кон финансиските одлуки и кон романтичните врски.

Долгорочниот начин на размислување кога станува збор за криптото и за романтичните врски го повторуваат 48 отсто од испитаниците, кои ја опишуваат нивната врска со криптото како „доживотна посветеност“. Сепак, многумина имаат поинаков пристап – некои го комбинираат долгорочното размислување во една област но имаат флексибилност во другата, а некои, пак, се прилагодливи во двете области:

• 19 проценти од испитаниците го прифаќаат начинот на размислување „Трговец и романтичен“, односно преземаат високи ризици во однос на крипто тргувањето, но избираат стабилност во љубовта.

• 17 проценти го следат пристапот „Инвеститор и слободен дух“ – оние кои играат на долги патеки во финансиите, а односите што ги одржуваат се флексибилни.

• 14 проценти спаѓаат во категоријата „Бркач на ризици“, држејќи ги опциите отворени и кога станува збор за инвестирање и кога станува збор за љубов.

„Овие наоди ја доведуваат под знак прашалник перцепцијата за крипто-инвеститорите дека се импулсивни преземачи на ризик. Во реалноста, повеќето го применуваат истиот внимателен, долгорочен пристап – и за нивните портфолија и за нивниот личен живот. Како што изградбата на силна финансиска иднина бара трпение и стратешко планирање, така и негувањето трајни врски“, изјави Енди Голдин, раководител на Анализа на податоци во Binance.

„Нема единствена формула за успех – некои даваат приоритет на стабилноста во двете области, додека други го прифаќаат ризикот во едната област, а се претпазливи во другата. На крајот, сѐ се сведува на тоа да се најде вистинската стратегија која функционира за нив“.

Освен различните начини на посветеност, истражувањето фрла светлина и врз тоа како крипто-инвеститорите донесуваат одлуки и ги балансираат приоритетите во финансиите и во односите. Секој трет (34 отсто) применува стратегија и логика и кога станува збор за љубовта и кога станува збор за парите, додека останатите се поделени – некои се потпираат на емоции во двете области, додека некои преземаат ризик во едната област, а стабилност во другата.

Кога станува збор за приоритетите, и крипто и емотивните односи бараат компромиси. Додека една третина (32 отсто) продолжуваат да инвестираат во крипто без да прават жртви во однос на животниот стил, 42 отсто ги приспособуваат своите трошоци, без разлика дали преку одложување на големи инвестиции како купување дом или автомобил, намалување шопинг или намалување на патните трошоци, со цел да им дадат приоритет на нивните финансиски цели. Слично на тоа, емотивните односи исто така доаѓаат со свои компромиси. Додека 29 отсто испитаници велат дека не би оставиле ништо да чека поради љубов, други (58 отсто) даваат приоритет на љубовта, преку посветување повеќе време на своите партнери, намалување на социјалните дружења или дури и прилагодување на финансиските навики со цел да се приспособат на нивните врски.

Финансиската компатибилност, исто така игра клучна улога во романтичните врски, при што 59 отсто од испитаниците нагласуваат дека заедничките финансиски вредности се клучни за градење долги врски.

„Како што криптото сè повеќе станува составен дел од секојдневниот живот, сѐ повеќе луѓе се желни да научат повеќе за дигиталните средства. Само минатата година, 44 милиони корисници ја посетија Академијата Binance за да го прошират своето знаење за крипто“, рече Голдин.

„Овие нови наоди од истражувањето сугерираат дека како што расте финансиската писменост во крипто, истата може да придонесе и за посилно финансиско усогласување во односите, помагајќи им на паровите да ги усогласуваат финансиските прашања со поголема самодоверба и со заедничко разбирање“.

Академијата Binance нуди широк спектар на бесплатни онлајн курсеви и ресурси за да им помогне на сите да го прошират своето крипто знаење, од почетници до искусни инвеститори.

За Binance

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути според обем на тргување и регистрирани корисници. Binance ужива доверба од повеќе од 250 милиони луѓе во повеќе од 100 држави поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата на инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства – од трговија и финансии до образование, истражување, општествено добро, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап за луѓето ширум светот со крипто како основно платежно средство. За повеќе информации, посетете ја веб страницата: https://www.binance.com.

За анкетата

Анкетата беше спроведена од 6 до 10 февруари 2025 година на платформата Binance Survey и беше отворена и за корисници на Binance и за оние кои не се корисници. Во истражувањето учествувале вкупно 2.200 луѓе од целиот свет.

TAGGED:бајнансинвеститорикрипто
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Зеленски во Минхен рече дека Украина е подготвена за вистински разговори
Следна статија Директорот на Царина: Во јануари приходите со раст од 321,7 милиони денари, поднесени кривични за 34 лица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Случај крави од Крива Паланка: Приведени таткото и ќерките оти попречувале инспектори и полицијаци, а се заканувале и на соселаните

Лишени се од слобода три лица…

December 3, 2025

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен…

December 2, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга –…

December 1, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина

Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција.…

October 31, 2024
БИЗНИС

Трамп не ја поштеди Македонија, ни наметна царина од 33 отсто!

Претседателот Доналд Трамп не ја поштеди ни Македонија од неговата агресивна царинска политика објавувајќи денес листа на која царината што…

April 2, 2025
БИЗНИС

Цените на златото близу 3.000 долари

Цените на златото во средата се задржаа на нивото близу 3.000 долари за унца, во услови на зголемено купување од…

February 20, 2025
БИЗНИС

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно…

November 11, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?