strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ССК: Извршната директорка Јаневска контра претседателот Ангеловски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ССК: Извршната директорка Јаневска контра претседателот Ангеловски
ЕКОНОМИЈА

БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ССК: Извршната директорка Јаневска контра претседателот Ангеловски

Објавено July 10, 2025 18:20
strana.mk
Сподели
Сподели

Кулминираше борбата за превласт во Сојузот на стопански комори. Извршната директорка Сузана Јаневска преку свој приватен меил соопшти дека било одржано вонредно собрание на ССК, на кое не се појавил Ангеловски па бло одлучено за ново вонредно собрание на 30.07, на кое ќе се избере нов претседател и управен одбор. По ова соопштение актуелниот претседател Трајан Ангеловски со свое соопштение информирапе деја овие одлуки не се правно важечки и дека извршната директорка е суспендирана пред три дена.

До медимите пристинаа две соопштенија во името на Сојузот, но со контрадикторни тврдења.

Имено, согласно едното соопштение, според кое денеска било оддржано вонредено Собрание на членките, и дека на дневни ред биле 14 точки со кои се констатираат груби прекршувања на Статутот, изнесување на лични ставови, донесување на индивидуални одлуки штетни по угледот и репутацијата на ССКМ, груб упад во дата базите и податоците на ССКМ и злоупотреба на социјалните медиуми за работењето на ССКМ и нејзините членки во изминатиот период од страна на преседателот Трајан Ангелоски и лица во неговото најблиско опкружување.

  • По барање од десет членки на УО на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССКМ денеска ( 09.07.2025 година) во 13 часот, се одржа вонредно Собрание на ССКМ со присуство од голем број на членки од седум комори и една групација. Вонредното Cобрание на ССКМ поради заклучените простории на ССКМ од страна на досегашниот преседател Трајан Ангелоски, се одржа на кровната панорамска тераса.

Собранието се одржа во присуство на извршниот директор на ССКМ , овластен адвокат кој беше избран за претседавач на Собранието, и записничар нотар за верификација на неговата веродостојност и валидност. Избраната верификациона комисија ја констатира легитимноста и бројноста на Собранието на ССКМ, со што истото продолжи со неговата работа – се посочува во соопштението испратено до медиумите.

Потоа додаваат дека покрај другите одлуки, му биле одземени овластувањата на актуелниот претседател.

  • ЗНАЧАЈНА ОДЛУКА на вонредното Собрание на ССКМ е дека на досегашниот претседател Трајан Ангелоски му прекинуваат сите овластувања за претставување на ССКM во земјата и странство како и учество во сите тела назначени од ССКМ во изминатиот и следниот период се до свикување на ново Собрание на кое ќе се избере легитимен претседател и Управен одбор на ССКМ – се нагласува во соопштението.

Потоа се посочува дека вонредното Собрание на ССКМ е закажано да се одржи на 30.07.2025 година и со ова соопштение до медиуми се повикуваат сите членки на ССКМ да земат учество и на истото да се избере легитимен претседател кој ќе ги застапува интересите на членките на ССКМ и на бизнис заедницата и ќе помогне во градење на државни политики проникнати од идеите и предлозите на македонскиот бизнис сектор.

  • Поради грубиот упад на Трајан Ангелоски во серверскиот систем и личните податоци на членките на ССКМ и неможноста за користење на службените емаил-ови на ССКМ, сите соопштенија кои ќе бидат пратени од официјалните емаил адреси на ССКМ се невалидни и неважечи.

Дополнително, Собранието одлучи дека правото на комуницирање со медиумите и членството на ССКМ до периодот на одржување на новото Собрание е исклучително на извршниот директор на ССКМ и неговата приватна електронска адреса – се наведвува во соопштението, зад кое стои потписот на Сузана Јаневска, Извршен директор на ССКМ.

Но, од друга страна пристигна и соопштение од мејловите на Сојузот во кое ја осудуваат злоупотребата на службената положба и фалсификувањето на службена документација од страна на извршниот директор Сузана Јаневска, за која се посочува дека на 07.07.2025 година е суспендирана од функцијата и нема никакви овластувања да ја претставува институцијата.

  • На 09.07.2025 година, Сузана Јаневска, користејќи приватна Yahoo адреса (suzana.janevska77@yahoo.com), испратила лажно соопштение до медиумите во кое тврди дека е одржано вонредно Собрание на ССКМ. Истакнуваме дека:

Тоа не е официјална комуникација на ССКМ и е правно ништовна.

Собрание на 09.07.2025 не било закажано, ниту одржано по деловнички или статутарни процедури.

Фалсификуваната покана и обидот за лажно собрание се резултат на грубо прекршување на член 4.2.8 од Договорот за основање на ССКМ.

Постапката претставува класичен пример на институционална измама и дејствување без мандат – се нагласува во соопштението.

Во него исто така се потенцира дека заедно со Јаневска, во координирана активност биле вклучени и четири правни субјекти поврзани преку семејни и деловни врски кои се исклучени од членство со Одлука бр. 0302-1-11/25 од 01.07.2025 година, поради сериозно нарушување на угледот и функционалноста на институцијата.

  • Согласно член 4.5.4 од Договорот за основање, Претседателот на ССКМ, г. Трајан Ангелоски, донесе формална Наредба за итна суспензија на Сузана Јаневска, со која ѝ се забранува пристап до службените простории, контакт со членството и користење на било какви ресурси во име на ССКМ. Исто така, таа е задолжена веднаш да ги врати сите доверени средства во сопственост на Сојузот.

Во интерес на правната сигурност, заштита на членките и зачувување на интегритетот на институцијата, целокупниот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме соодветни институционални реакции за сите инволвирани во обидот за институционален удар и фалсификат – пишува во соопштението.

Потоа додаваат дека апелираат до сите медиуми и јавноста да не прифаќаат никаква комуникација или соопштенија испратени од приватни адреси кои не се дел од официјалната структура на ССКМ.

  • Сите валидни информации ќе бидат доставени исклучиво преку официјалниот е-маил info@chamber.mk и преку легитимните канали на Сојузот.

Ниту поединци, ниту групи нема да бидат дозволени да го узурпираат легитимитетот на институцијата изградена врз доверба, транспарентност и работа во интерес на бизнис заедницата – се вели во соопштението потпишано од претседателот на ССКМ Трајан Ангелоски.

TAGGED:сузана јаневскатрајан ангеловски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Тошковски: Воведување на професионален тест за интегритет со новиот закон за внатрешни работи
Следна статија МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со…

November 12, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

November 12, 2025

Нова провокација: Бугарски здруженија најавуваат дека ќе делат маици „Бугарија“ во средни училишта во Скопје

Фејсбук страницата „Историски податоци за Македонија“…

November 11, 2025

(ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански

Владејачката коалиција ВЛЕН изрази жалење за…

November 10, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Со добра стратегија производството на тутун се зголеми, тоа ќе се случи и со лозарството и пченицата

За да го мериме успехот на Владата мораме да почекаме да помине една производна година и да ги споредиме производствените…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, за која Министерството…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и…

January 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?