Поранешниот норвешки олимписки скијач Аудун Гронволд почина во 49. година од животот откако го погоди гром, соопшти Скијачкиот сојуз на Норвешка.
Гронволд бил на излет во планинска колиба кога го погодил гром. Го пренеле во болница, каде бил лекуван од повредите, но починал во вторникот, на 15. јули.
Аудун освои бронзена медалја во ски крос на Зимските олимписки игри во Ванкувер 2010. година, а бронза освои и на Светското првенство 2005. во Финска. Исто така, се натпреварувал и во алпско скијање, каде што во 1999. година освои трето место во Светскиот куп во Шпанија.
Гренволд се повлече од натпреварување по Олимписките во Ванкувер и беше селектор на норвешката ски крос репрезентација од 2010. до 2012. година, а работеше и како телевизиски коментатор. Роден е во градот Хамер, северно од Осло, а зад себе ги остави сопругата и трите деца