За првпат во судница сведочи Гоце Трајковски, пријател на Александар, таткото на Вања.
Тој кажа дека не познава ниту еден од обвинетите, и не е во роднинска врска, а потоа кажа дека имал закани.
„Пред да сведочам, сакам да кажам дека имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија. „Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка. Сакам да кажам дека никој не им се плаши на овие психопативе. Заканите беа од профилот „Недвижности Битола“. Заканата беше да внимавам што зборувам. И после тоа се вклучија лајв од партијата, и самите се издадоа дека се од тој профил. Имам и тужба против нив. Не сум јас 14-годишно девојче да ми се закануваат“, рече Трајковски.