ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

9:41 PM 3/28/2024 Времето во Скопје: 14°C

Латас: СДСМ и ДУИ даваат 15 милиони евра за невладини, ама не даваат пола или едно евро повеќе за храна за студенти

страна.мк

29/11/2022

Латас: СДСМ и ДУИ даваат 15 милиони евра за невладини, ама не даваат пола или едно евро повеќе за храна за студенти

Она што прави промени и што е причина за вонредни избори е корупција, непотизам, немање пари, немање вработувања, енергија здравство. Причина е што студентите бараат пола евро на ден да им даде државата, ВМРО-ДПМНЕ бара едно евро на ден за храна за студентите плус, а држава не ги дава, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас посочи дека тоа се околу милион и 800 илјади евра кои власта не сака да ги даде за студентите, а во исто време ќе одвои 15 милиони евра за невладини од кои дел работат за СДСМ и ДУИ.

– За да се знае за каква сума се работи 5.000 студенти има во студентски домови, тоа е 30 дена по едно евро, 150.000 евра месечно или 1 милион и 800 илјади евра годишно, ако им качиш едно евро, а не пола евро како што бараат скромно. Од друга страна имаш буџет за невладини организации кои пола служат за политиката на СДСМ и ДУИ, и тоа од 15 милиони евра. 15 милииони од кои дел ќе заминат за партиски потреби, а не даваш милион и 800.000 евра за студентите за храна, истакна Латас.

Латас посочи дека вакви работи се причина за избори, но власта ја форсира темата дека ако се реши проблемот со Бугарија ќе се реши се.

„Македонија има проблем со корупцијата и логичко решение се предвремени избори. Изборите се причина да се промени системот, не само власта. Никогаш како сега немало кпрупција, никогаш граѓанскиот интерес искажан низ студенти, образование, низ градски сообраќај, здравство не е загрозен како сега“, рече Латас.